ЗАЅВОНИ ЅВОНЧЕТО ЗА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ЧАС
- септември 2, 2019
- 0
Денеска, одекна првото училишно ѕвонче во училиштата на територија на Општина Карпош. Со свечена церемонија, беа пречекани првачињата и учениците во ООУ “Петар Поп Арсов“. Освен родителите и наставниците, топло добредојде им посака и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.
– Добредојдовте првачиња и сите останати ученици. Ова е првиот училишен ден за оваа година, која искрено се надевам ќе биде исполнета со успеси и среќни моменти зса секого од вас. Оттука започнуваат најубавите спомени, од училишните клупи, првите успешни резултати ќе ги донесете од своето училиште и ќе ги израдувате вашите родители. Овој ден е посебен за секој родител, се надевам дека за неколку години и јас ќе го почуствувам вашето искуство. Особено се радувам што училиштата во Карпош изобилуваат со прекрасни услови, прекрасен професионален образован кадар, а поддршката секако е пропратена од стручниот тим на Општина Карпош, кој неуморно и организациски работи – рече Богоев.
На свечената училишна церемонија се обрати и главниот продуцент на серијата Зоки Поки, Роберт Насков, која цело изминато лето се снимаше во училштето “Петар Поп Арсов“. Тој пренесе кратки пораки до сите присутни, искуства од снимањето на серијата и даде огромна благодарност до градоначалникот и одговорните лица, кои помогнаа да се реализира оваа серија, која наредното лето се очекува снимање на втората сезона.
Со сценско-музички настап од поголемите учениците, беше збогатена свеченоста, кои исто така им посакаа топол и среќен почеток во учебната година.