ООУ „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“- ЕСЕНСКИ ШАМПИОН ВО ОДБОЈКА
- ноември 28, 2026
- 0
Со натпреварите одиграни деновиве во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, заврши есенската одбојкарска сезона во рамки на спортските училишни игри што ги организира Општина Карпош.
Најуспешна во досегашниот дел од натпреварувањето е женската екипа од ООУ „Јан Амос Коменски“, која со одлични настапи, константна форма и убедливи резултати се издвои од конкуренцијата и заслужено е на врвот на табелата
Покажувајќи квалитет, борбеност и силен натпреварувачки дух, одбојкарките од Тафталиџе 2 оставија најсилен впечаток во досегашниот тек на натпреварувањето, завршувајќи го првиот дел од сезоната 2026/2027 без ниту еден загубен сет.
Во финишот од есенскиот дел на овогодинешната одбојкарската училишна лига, најнеизвесна беше борбата за второто место. По возбудливи надигрувања на позицијата зад првопласираниот тим од Коменски се пласираше ООУ „Димо Хаџи Димов“ додека, пак третопласирани се одбојкарките од ООУ „Владо Тасевски“.
Организирањето на училишните спортски игри во одбојка од Општина Карпош, им овозможува на ученичките да стекнат натпреварувачко искуство и да ги покажат своите таленти кои се потребни за нивно оформување во идни успешни спортистки. На ваков начин, Општина Карпош, и понатаму продолжува да придонесува за развој на спортската култура и идните генерации.













