Поради временски неприлики и вандализација од несовесни граѓани, дрвената платформа на платото „Педагошка“ беше сериозно оштетена и претставуваше сериозна опасност за користење од страна на граѓаните. За таа цел, Општина Карпош започна целосна реконструкција на дрвената платформа, односно замена на старата и дотраена со нова, изработена од висококвалитетен дрвен материјал.

Апелираме до сите граѓани, особено до жителите во УЗ Владо Тасевски, кои живеат во непосредна близина на платформата и истата ја користат, во наредните неколку денови, додека се изведуваат градежните работи и биде целосно реновирана и реконструирана дрвената платформа, да не ја користат, поради потенцијални безбедносни ризици.
 Општина Карпош во континуитет вложува во замена на постојната и поставување на нова урбана опрема низ сите урбани и месни заедници на нејзината територија, како важен сегмент во подобрување на амбиенталното живеење на сите нејзини граѓани.