ЗАВРШИ ТРЕТАТА СЕСИЈА ОД ГРАЃАНСКИОТ БУЏЕТСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
- ноември 23, 2026
- 0
Денеска се одржа третата и последна сесија од Граѓанскиот буџетски форум на Општина Карпош, наменета за жителите на урбаните заедници Кузман Јосифовски-Питу (КЈП), Пецо Божиновски-Кочо (ПБК), Владо Тасевски (Млечен) и Нерези.
Со оваа средба завршија трите сесии на кои граѓаните имаа можност непосредно да ги споделат своите предлози, потреби и приоритети, кои ќе бидат земени предвид при подготовката на Буџетот на Општина Карпош за 2027 година.
Преку ваквиот начин на планирање, Општината поттикнува активно учество на граѓаните во донесувањето одлуки и создава можност буџетските средства да се насочуваат кон проекти што одговараат на реалните потреби на локалната заедница.
Заедно ги утврдуваме приоритетите и создаваме буџет што ги одразува потребите на граѓаните!




















