Денеска во Општина Карпош се одржа втората сесија од Граѓанскиот буџетски форум, наменета за жителите на урбаните заедници Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2.
 

И на оваа средба беше забележан голем интерес од страна на граѓаните, кои активно ги споделија своите предлози, забелешки и барања, произлезени од секојдневните потреби во нивните населби. Нивните мислења и приоритети се важен придонес во креирањето буџет кој ќе одговори на реалните потреби на локалното население.
 
Третата сесија од Граѓанскиот буџетски форум ќе се одржи во понеделник, 23 ноември, во холот на општинската зграда, и е наменета за жителите на:
У.З. „Кузман Јосифовски – Питу“;
У.З. „Пецо Божиновски – Кочо“;
У.З. „Владо Тасевски“ (Млечен);
У.З. „Нерези“.
 
Ги повикуваме жителите на овие урбани заедници да земат учество, да ги споделат своите идеи и да придонесат во утврдувањето на приоритетите за претстојната буџетска година.
 
Да креираме заедно, затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните!