Општина Карпош е дел од новоформираниот Меѓуопштински одбор за управување со отпад, кој денеска беше конституиран во рамки на Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Претставник на Општина Карпош во Одборот е Јованче Цветаноски, овластен од градоначалникот Сотир Лукровски. На конститутивната седница за претседавач беше избран Александар Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Илинден, а беше усвоен и Деловникот за работа на ова тело.

Целта на Одборот е зајакнување на меѓуопштинската соработка и институционалната координација за поефикасно управување со отпадот, негово дислоцирање, правилна селекција и воспоставување одржливи решенија на регионално ниво.

Преку ова тело ќе се координираат и иницираат инвестициони проекти од регионално значење, ќе се следи спроведувањето на активностите и ќе се врши мониторинг на состојбите во управувањето со отпадот.

Општина Карпош останува посветена на регионалната соработка и заедничките решенија за почиста животна средина и поквалитетен живот за сите граѓани!