ООУ „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ – ЕСЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ПРВАЦИ!
- ноември 18, 2026
- 0
Голем спортски успех за учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“, кои доминантно ја завршуваат есенската полусезона во Училишната спортска лига и ја освојуваат титулата есенски прваци!
Со одлична игра, борбеност, тимски дух и победничка енергија, младите фудбалери од ова карпошко училиште се убедливо на врвот на табелата, задржувајќи ја првата позиција по секое одиграно коло.
Успехот е дополнет и со индивидуално признание – Габриел Фудорски Митев е најдобар стрелец во лигата со постигнати 17 голови!
Овие резултати се потврда за талентот, посветеноста, спортскиот дух и заедништвото на младите фудбалери, но и за важноста на спортот во воспитувањето на младите генерации.
Општина Карпош им честита на учениците за постигнатите успеси, како и на нивните наставници и ментори за поддршката и посветеноста.













