Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ се есенски прваци во кошарка во рамките на Училишната спортска лига, остварувајќи извонреден успех без ниту еден пораз!

Со одлична игра, добро осмислена стратегија, подготвеност, тимска работа и дисциплина, младите кошаркари заслужено се искачија на врвот и покажаа дека посветеноста и спортскиот дух се вистинскиот пат до успехот.
Општина Карпош им честита на учениците за постигнатиот резултат, како и на нивните наставници и ментори за вложениот труд и посветеност.
Создавањето услови за развој на спортот, поттикнувањето на младите да спортуваат и поддршката на младите спортски таленти остануваат меѓу нашите приоритети.
Општина Карпош продолжува да инвестира во младите и спортот!