СРЕДБА СО ИГОР ЏАМБАЗОВ ВО ЧЕСТ НА ПОСТХУМНО ОДЛИКУВАНАТА АНЧЕ ЏАМБАЗОВА
- ноември 7, 2026
- 0
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, денеска остварија средба со Игор Џамбазов, син на истакнатата македонска уметница Анче Џамбазова.
Средбата се одржа во знак на почит кон ликот и делото на Анче Џамбазова, која по повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, постхумно беше одликувана со плакета за „Заслужен граѓанин“.
Ова високо признание ѝ се доделува за нејзиниот исклучителен придонес во македонската култура и уметност, како и за трајното уметничко наследство што го остави зад себе. Нејзиното творештво и посветеност претставуваат значаен дел од македонската културна историја, а нејзиниот придонес останува трајно врежан во колективната меморија













