На платото пред Т.Ц. „Лептокарија“, невладината организација „До бебе – по патот на ин витро“, која е дел од Ресурсниот центар Карпош, спроведе активност за подигнување на свеста за важноста на грижата за сопственото здравје, активниот начин на живот, превенцијата и редовните здравствени контроли, како значајни фактори за зачувување на репродуктивното здравје.

 На минувачите им беа поделени информативни материјали и симболично по едно јаболко, како потсетник дека здравите навики и грижата за себе се важен чекор кон поквалитетен и поздрав живот.
Организацијата „До бебе – по патот на ин витро“ како членка на европската организација “Fertility Europe”, има значајна улога во навременото информирање, поддршката и застапувањето на лицата кои се соочуваат со неплодност и репродуктивни предизвици.
Да се грижиме за здравјето денес, за поздрава иднина утре!