Општина Карпош им го честита 23 Октомври – денот кој го одбележува почетокот на организираната борба за слобода, национално достоинство и создавање сопствена држава.

Овој ден нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и визијата на генерациите кои се бореле за слободна и независна Македонија.
Да ја чуваме и негуваме нашата историја, јазик, култура и традиција, градејќи општество во кое идните генерации ќе живеат со гордост, достоинство и љубов кон татковината.
 Нека ни е честит 23 Октомври!
 Да живее Македонија!