„ЕДНО ШИШЕ – ДВА ПОЕНИ“ – ЕКОАКЦИЈА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ
- октомври 21, 2026
- 0
„Пакомак“ ја претстави новата еколошка иницијатива „Едно шише – два поени“, која ќе се реализира во основните училишта на територијата на Општина Карпош, со цел поттикнување на еколошката свест и правилното селектирање на отпадот.
Преку натпревар и тимска работа, учениците ќе развиваат еколошки навики и ќе учат за важноста на рециклирањето.
За секое пластично шише одложено во вендинг-машините на „Пакомак“, поставени во поголемите супермаркети, ќе се донира дополнителен поен за одделението.
На крајот од учебната година ќе бидат прогласени најеколошките одделенија, кои ќе добијат симболични награди за својот труд и придонес.
Секое шише има вредност – кога ќе заврши на вистинското место!









