СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА ЗЛОКУЌАНИ – МАПИРАНИ ПРОБЛЕМИ, СЛЕДУВААТ КОНКРЕТНИ МЕРКИ
- октомври 21, 2026
- 0
Градоначалникот Сотир Лукровски, заедно со претставници од општинската инспекциска служба и Полициската станица Карпош, вчера попладне одржа средба со жителите на Злокуќани.
Средбата предизвика голем интерес кај локалното население, кое отворено ги посочи проблемите со кои секојдневно се соочува. Меѓу главните предизвици беа истакнати загадувањето, дивите депонии, како и недоличното и неприфатливо однесување на одредена група жители, што го отежнува секојдневното функционирање во населбата.
Претставниците на инспекциските служби ги мапираа клучните проблеми, со цел да се утврдат можните начини за нивно решавање. Градоначалникот Лукровски најави дека во најскоро време ќе биде организирана нова средба со жителите, на која ќе се разговара за конкретни мерки и можни решенија.
Во директна комуникација со граѓаните до конкретни решенија за подобар живот во Злокуќани!









