Општина Карпош ги информира граѓаните дека Град Скопје започна со дистрибуција на решенијата за данок на имот за даночните обврзници на територијата на Општина Карпош. Граѓаните кои сè уште го немаат добиено решението за данок на имот, како и граѓаните кои имаат дополнителни прашања во врска со даноците, дека можат да се обратат во Одделението за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци во Општина Карпош.

Телефон за информации: 3055-942

Вработените во Даночното одделение им стојат на располагање на граѓаните за дополнителни информации, појаснувања и помош во врска со решенијата за данок на имот.

Општина Карпош останува посветена на навремено информирање и обезбедување достапни услуги за сите граѓани.