Почитувани граѓани,

Општина Карпош ви го честита 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните државни празници, кој го одбележуваме со гордост и почит.

Овој ден е симбол на храброста, пожртвуваноста и стремежот кон слобода, правда и достоинство, вредности кои ги носиме како трајно наследство од генерациите пред нас.

Нека 11 Октомври биде потсетник дека со единство, одговорност и посветеност можеме да градиме подобра иднина за нашата татковина и за генерациите што доаѓаат.

Честит 11 Октомври!