ПОВЕЌЕ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ ЗА ПОКВАЛИТЕТНО УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ ВО КАРПОШ
- октомври 10, 2026
- 0
Во ООУ „Лазо Трповски“, во рамки на Европската климатска иницијатива (EUKI), се реализираше локалната акција „Green Spaces, Safe Places – Зелени површини, безбедни места“, чија цел е подигнување на свеста за значењето на урбаното зеленило и квалитетните јавни простори.
Во рамки на акцијата беше реализирана едукативна и практична активност со ученици од второ и трето одделение. „Центарот за климатски промени“ обезбеди саксии, растенија и потребните материјали, а учениците ги боеја и украсуваа саксиите, по што заеднички ги засадија растенијата.
Преку ваквите активности, учениците на креативен и практичен начин се запознаваат со значењето на зеленилото, грижата за животната средина и одговорниот однос кон просторот во кој учат и живеат.
Како дополнителен придонес кон унапредувањето на урбаното зеленило, „Центарот за климатски промени“ донираше три садници на Општина Карпош, наменети за засадување на соодветна јавна површина.
Заедно создаваме позелена, поздрава и поквалитетна средина за живеење.









