ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЛУКРОВСКИ НА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ ОД ЖДАНЕЦ
- октомври 4, 2026
- 0
Денес, по барање на граѓаните од Жданец, градоначалникот Сотир Лукровски и дел од советниците остварија средба со жителите, на која беа отворени повеќе прашања поврзани со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат.
На средбата беа посочени неколку приоритетни проблеми, меѓу кои потребата од асфалтирање на дел оф улиците, решавање на проблемите со канализацијата на одредени локации, како и санирање на свлечиштето во близина на црквата.
Градоначалникот ги сослуша барањата на граѓаните и разговараа за можните решенија и следните чекори за подобрување на условите за живот во овој дел од Карпош.
Средбите со граѓаните се важен дел од работењето на локалната самоуправа, затоа што само преку директен разговор и заедничко утврдување на приоритетите можеме да дојдеме до конкретни решенија.









