По одиграни две кола од училишните спортски лиги на Општина Карпош, фудбалската екипа на момчиња од ООУ „Јан Амос Коменски“ се наоѓа на првото место на табелата. Втори и трети се екипите на ООУ „Братство“ и ООУ „Владо Тасевски“.

Успешни се и одбојкарките од ООУ „Јан Амос Коменски“, кои исто така се на лидерската позиција. Второто место го заземаат ученичките од ООУ „Димо Хаџи Димов“, а третото од ООУ „Лазо Трповски“.

 Натпреварите во фудбал се одржуваат на спортските терени во Влае, додека одбојката и кошарката се играат во спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ – „Партизан“. Продолжуваат натпреварите од училишните спортски игри, дружењето и победничкиот дух!