Во прекрасна спортска атмосфера и пред полни трибини, на спортското игралиште во Карпош 1, вечерва се одигра финалниот натпревар од меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“. Екипата на „МЕГА ЛИФТОВИ“ со убедлива и сигурна игра ја совлада екипата на „РУДИ КОМПАНИ“ и заслужено го освои победничкиот пехарот на овогодинешниот турнир. На големото финале присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој им ги врачи пехарите на најдобрите екипи. „Чест ми е што Општина Карпош и годинава беше домаќин на меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, кој низ годините прерасна во препознатлив дел од спортскиот живот на општината. Посебно ми е драго што натпреварите беа проследени од голем број на граѓани, а тоа само го потврдува фактот дека спортот има посебно место во Карпош. Им честитам на победниците, но и на сите екипи кои беа дел од турнирот и покажаа фер-плеј и спортска атмосфера.“, истакна градоначалникот Лукровски. Честитки до победниците и до сите учесници на турнирот „Сокол 2026“!