СРЕДНОШКОЛЦИ ОД „ГУЦ“ ВО ПОСЕТА НА СЕКТОРОТ ЗА УРБАНИЗАМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
- септември 25, 2026
- 0
Околу 20 ученици од четврта година, од архитектонскиот отсек при СГГУГС „Здравко Цветковски“ – ГУЦ, беа во посета на Општина Карпош, каде имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Секторот за урбанизам. Целта на посетата беше учениците да стекнат практични знаења и да видат како функционира општинската администрација во областа на урбанизмот, поврзувајќи го своето теоретско образование со реалната работа на терен. Урбанистите од Општина Карпош ги запознаа средношколците со надлежностите на општината, организацијата и динамиката на работата, како и со секојдневните задачи и обврски на вработените во секторот. Учениците активно се вклучија во дискусијата, поставувајќи прашања и интересирајќи се за теми поврзани со нивната образовна и професионална област. Општина Карпош останува отворена за посети на ученици од основните и средните училишта, со цел преку непосредно запознавање со работата на локалната самоуправа да придонесе кон нивната практична наобразба и надградување на знаењата.









