„ОТВОРЕН ДЕН“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
- септември 23, 2026
- 0
Општина Карпош денеска го одржа третиот „Отворен ден“, со цел унапредување на директната комуникација со граѓаните. Во холот на општинската зграда од 14 до 17 часот, голем број карпошани имаа можност лично да разговараат со градоначалникот Сотир Лукровски и со раководителите на општинските сектори, поставувајќи конкретни прашања и на непосреден начин споделувајќи ги своите проблеми и предлози.
Преку транспарентна и двонасочна комуникација, Општина Карпош продолжува да гради отворен однос со своите сограѓани, залагајќи се за нивно активно учество во креирањето на локалните политики и решенија.









