Училиште: | Димо Хаџи Димов |
Урбана заедница: | Влае |
Адреса: | ул „Ангел Динев“ бб |
Телефон: | 02/20 41 635 |
Веб страна: | http://www.ou-dimohdimov.edu.mk/ |
Директор: | Лела Николоска (076-496 – 889 ) |
Кратка биографија: | ОУ „Димо Хаџи Димов” се наоѓа на ул. „Ангел Динев” бб во населба Влае-Скопје. Училишната зграда е од монтажен и павиљонски тип, изградена непосредно по катастрофалниот земјотрес 1963 год. Наставниот процес се реализира во повеќе објекти, пет засебни бараки зависно од активностите. Во најава е изградба на нов модерен училишен објект.
Реонот на Општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“, ја опфаќа територијата на урбаната заедница Влае 1, Влае 2 што се простира на исток до р.Вардар, на север до ул „Ацо Шопов“, на запад до бул „Македонска војска“ и на југ до ул „Теодосије Гологанов“. Училиштето располага со училишен простор од 4944 м2 и дворна површина од 19947 м2. Наставата во ОУ „Димо Хаџи Димов” се реализира во две смени со приближно рамномерен број на паралелки и ученици. Во училиштето учат 728 ученици во 32 паралелки, а се вработени 78 лица. Наставата се одвива на македонски наставен јазик. ОУ „Димо Хаџи Димов“ организира и продолжен престој. Збратимено со ПОУ „Луиѓ Гуракуќи“ с.Долна Лешница, Општина Желино Збратимено со ПОУ „Кирил и Методија“ с.Стајковци, општина Гази Баба. |
Патронен празник: | 20 Октомври |