Во ООУ „Владо Тасевски“, продолжува унапредувањето на спортската инфраструктура за најмладите преку реконструкција и изградба на модерно спортско игралиште за фудбал, кошарка и други спортски активности. Реконструкцијата се реализира преку соработка помеѓу Општина Карпош и Министерството за спорт, со што ќе се создаде современа спортска целина со нови терени и унапредени трибини. На увид во спортскиот простор присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и министерот за спорт, Борко Ристовски, кои ја истакнаа важноста на заедничките вложувања во спортската инфраструктура и создавањето подобри услови за младите.

Новото спортско игралиште ќе им овозможи на учениците да спортуваат во современи услови, да ги развиваат своите спортски вештини и да негуваат тимски дух, дисциплина и здрави животни навики. Заедничката соработка меѓу Општина Карпош и Министерството за спорт претставува чекор кон создавање повеќе и поквалитетни спортски содржини за најмладите.

Континуираното вложување во спортската инфраструктура е дел од заложбите за создавање средина во која децата ќе имаат можност активно да спортуваат и да ги развиваат своите потенцијали.