Одбележан 8 Септември – Денот на независноста!
- септември 8, 2026
- 0
По повод големиот државен празник, делегација на Општина Карпош, предводена од претседателот на Советот, Христо Саракинов заедно со Патрик Поповски – Раководител на сектор за поддршка и организација на работата на советот и архивско – административни работи и Филип Ивановски – советник положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски.
Со гордост и длабока почит го одбележуваме овој историски ден – симбол на нашата слобода, државност, храброст и независност.
Нека ни е честит 8 Септември! За многу години!









