ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМУНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА НИЗ КАРПОШ
- септември 7, 2026
- 0
Во соработка со изведувачот со кој Општина Карпош има склучено договор за итни интервенции, деновиве беа преземени низа активности на неколку локации низ локалната самоуправа.
Во таа насока, беше извршена реконструкција на постоечкиот оштетен сливник на улица Загребска. На улица Козле 10 пак, беше поставена нова решетка за собирање на отпадните атмосферски води.
Со оваа интервенција се подобрува протокот на сливни води, што треба да го спречи создавањето на вирови на оваа локација. На улица Волгоградска финишираа градежните работи за поставување на попивателни бунари за собирање на атмосферските води.
За таа намена беше направен ископ каде што се постави цевоводен приклучок, кој ги насочува атмосферските води до новопоставената шахта и сливникот.









