ИЗВРШЕН ИНСПЕКЦИСКИ УВИД НА ЛОКАЦИЈА НА УЛИЦА „ТЕОДОСИЈ СИНАИТСКИ“
- септември 5, 2026
- 0
Општинскиот градежен инспектор при Општина Карпош изврши инспекциски увид на локација на улицата „Теодосиј Синаитски“ бр. 9б, каде што во моментот се врши отстранување на постоечки објект со градежна механизација.
При увидот е констатирано дека сопственикот на објектот поседува правосилно одобрение за градење, како и Елаборат за отстранување на постојниот објект. Во оваа ситуација, инспекторот констатираше дека азбесно-цементните салонит плочи од кровната конструкција се отстрануваат со употреба на механизација, наместо со постапка на демонтажа, соодветно пакување и транспорт до соодветна депонија, согласно законските прописи.
За утврдената состојба, инвеститорот е уредно повикан да присуствува на записничко констатирање на состојбата во понеделник во 12:00 часот, по што надлежниот инспектор ќе продолжи со постапување согласно законските надлежности и прописи.









