ПОЗИТИВНИ ВИБРАЦИИ ОД КЛАСИЧНАТА МУЗИКА ВО КАРПОШ
- август 26, 2026
- 0
Денеска попладне во холот на Општина Карпош, се одржа концерт на женскиот квартет „Полихимниа“. Целта на овој концерт на камерната музика, е промоција на ваков вид музика во општина Карпош, односно запознавање на публиката со дела од светската литература за камерна музика, промоција на класичната музика и запознавање на карпошани со музичкото творештво на класичните композитори и значајни музички дела од светската класична литература, современи автори и дела од современи македонски автори.
Слушателите уживаа во изведбата на искусниот квартет , во чиј состав членуваат: Риана Рамиз Мемедов –автор, носител на проектот , виолинист и член на квартетот, Маре Видевска-виолончелист (член на квартетот), како и Верица Шотаровска-пијанист (член на квартетот) и Николина Ефтимова-Тодоровска , флејтист (член на квартетот). Изведбениот концерт од класичната музика на територијата на Општина Карпош, од страна на овој квартет, кој имал многубројни настапи низ повеќе сцени во државата, претставува музицирање на нов културен бран, кој со својата техника и виртуозност , од една страна , како и изразност, сензитивност и лирска мелодичност од друга страна, е пренесен и во Карпош.









