Центарот за развој на Скопскиот плански регион го имплементира проектот ПАДРИОН- ,,Соочување на јавната администрација со процесот на дигитална трансформација како заедница од областа на Јадранско-Јонскиот регион”, кој е финансиран од ЕУ преку програмата Интеррег ИПА Адрион.         Во рамки на проектот е формирана работна група, во која членуваат претставници од Општина Карпош и останатите општини во Скопскиот плански регион. Во таа насока, подготвен е анкетен прашалник, со цел да ја истражи дигиталната писменост кај жените на локално ниво и да придонесе кон креирање мерки за поттикнување на дигиталната инклузија.

                Инаку, истражувањето ќе се реализира преку е-прашалник кој ќе биде поставен на официјалната веб страна на Општина Карпош, како и социјалните профили на локалната самоуправа. Анкетниот прашалник ќе биде наменет за поширок спектар на целни групи и тоа: жени кои се вработени во локалната администрација, жени од руралните и урбаните заедници, како и жени од маргинализирани групи од Општина Карпош.

 На ваков начин, ќе се обезбедат мерливи податоци кои ќе помогнат  при креирање на дигитални алатки за следење на прогресот на дигиталната писменост.

 

👉Прашалник за дигитална писменост, пристап, вештини и доверба во дигиталната трансформација на локално ниво