Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“, спроведува активности за чистење на фекалната канализациска мрежа на територијата на УЗ „Бардовци“ и УЗ „Злокуќани“.

 Соработката со надлежните јавни претпријатија продолжува и во наредниот период, со цел унапредување на инфраструктурата и обезбедување поквалитетни услуги за сите жители на Карпош.
 Фокусот на Општина Карпош е насочен кон потребите на граѓаните и решавањето на конкретните предизвици со кои тие секојдневно се соочуваат, за создавање поквалитетна и пофункционална локална заедница.