❗️Согласно информациите на УХМР, за денес има повторна најава за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа и невреме проследено со појава на град.
 
Ги повикуваме и известуваме нашите сограѓани навремено да преземат мерки за заштита на својот имот и возилата.
 

☎️Во случај на несакани последици предизвикани од временските услови, може да се јавите кај општинската дежурна служба на телефонскиот број 071/322-790
📍При пријавувањето, ве молиме наведете ја точната локација и краток опис на проблемот, со цел интервентните екипи да можат да реагираат што е можно побрзо и поефикасно.
Ви благодариме за соработката и разбирањето.