Поставување на нови и замена на оштетени заштитни столбчиња
- јули 17, 2026
- 0
Општина Карпош продолжува со поставување нови и замена на оштетени заштитни столбчиња на повеќе локации низ својата територија.
Во изминатите денови беа поставени пластични столбчиња на влезот на ТЦ „Лептокарија“ (Карпош 3), како и метални столбчиња долж пешачката патека покрај студентскиот дом „Гоце Делчев“ (Тафталиџе 2).
Со оваа редовна активност Општината има за цел да ја спречи узурпацијата на јавниот простор, да овозможи непречено движење на пешаците и да ја зголеми безбедноста на сите граѓани.









