МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „СКУПИ“ ВО КАРПОШ
- јули 14, 2026
- 0
На 15 јули, со почеток во 18:00 часот, на плоштадот „Делфина“, ќе се одржи јубилејното 20. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи 2026“, во организација на Ансамблот „Каршијака“ од Скопје.
На фестивалот ќе настапат традиционални фолклорни ансамбли и групи од единаесет држави од повеќе континенти, кои преку музика, игра и народни носии ќе го претстават богатството на своето културно наследство.
Како општина која континуирано го поддржува културно-уметничкото творештво и ја негува традицијата, Општина Карпош и оваа година финансиски го поддржува фестивалот, придонесувајќи кон промоцијата на фолклорната уметност, меѓукултурната соработка и збогатувањето на културниот живот во локалната заедница.
Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат и да уживаат во богатата фолклорна програма и уникатната атмосфера што ја носи овој меѓународен фестивал









