УВИД ВО ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БАРДОВЦИ
- јули 11, 2026
- 0
Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши увид во тековните градежни активности што се реализираат на неколку локации во у.з. Бардовци.
Во непосредна близина на станбениот комплекс „Бахаш“ во тек е реализација на инфраструктурен зафат кој опфаќа асфалтирање на три улици во вкупна должина од 663 метри. Градежните активности на оваа локација опфаќаат и изградба на нови троторари, рабници, како и поставување на нови столбови за улично осветлување. Со ова ќе се овозможи побезбедно движење на пешаците и возилата, а со тоа ќе се зголеми и квалитетот и условите за жителите од овој дел од населбата.
Паралелно со овој градежен зафат, се изведуваат инфраструктурни активности и на улицата 1687, каде што се врши целосно асфалтирање на коловозот и изградба на нови тротоарски површини. Во тек на градежните работи, економските оператори ја поставија и својата комуникациска подземна мрежа со што оваа улица добива конечен, современ и функционален лик и намена.
При увидот, градоначалникот Лукровски истакна дека Општина Карпош продолжува со реализација на капиталниинфраструктурни проекти во сите урбани заедници, кои директно придонесуваат за создавање на рамномерен развој на општината и подобрување на квалитет на животот на карпошани.









