Претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, денес присуствуваше на Работната средба со претседателите на советите на единиците на локалната самоуправа, организирана во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“. Проектот го спроведува УНДП, во соработка со Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС. На денешниот прв работен состанок беа презентирани активностите и целите на проектот, како и наодите од спроведените истражувања поврзани со локалната самоуправа. Во рамки на работната средба се дискутираше и за предизвиците со кои се соочуваат општинските совети при извршувањето на своите надлежности, можностите за унапредување на нивната работа, како и зајакнувањето на процесите на децентрализација.

Присутните претседатели на советите разменија искуства и ставови со цел подобрување на функционирањето на локалната самоуправа и создавање поефикасни механизми за одговор на потребите на граѓаните.