ИЗВЕСТУВАЊЕ
Врз основа на неколку законски прописи, и тоа:
1. Закон за градење – член 133 и член 134 (Овластен градежен инспектор)
2. Закон за јавна чистота – член 14 ( комунални редари ) односно :
· Оставање на стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности покрај садовите за собирање на смет, освен на места определени од Општината,
· Поставување на урбана опрема и други подвижни и неподвижни предмети
· фрлање, односно оставање на смет до контејнер и други видови на садови за собирање на смет,
· Лепење на плакати на кое било јавно место, освен на места определени за таа намена
· Сечење, складирање, сечење на дрва, јаглен и слично, освен на места определени за таа намена
· Испуштање на отпадни води и други течности од дворните места и објекти
3. Закон за заштита на животната средина и Закон за бучава (Овластен инспектор за животна средина)
4. Закон за домување (Овластен инспектор за домување ) – член 118
Општина Карпош воведува дежурства во секторот Инспекторат во следниве области-
1. Градежна инспекција
2. Комунална инспекција – комунални редари
3. Инспекција од областа на животната средина
4. Инспекција за домување
Дежурни броеви:
078/257-640, за градежна инспекција и комунална инспекција – комунални редари
078/485-987 за Овластен инспектор за домување
072/225-510 за Овластен инспектор за животна средина
Граѓаните на Карпош, во периодот од 07.30 до 15.30 часот, на овие броеви можат да пријавуваат ИТНИ И НЕОДЛОЖНИ проблеми.