Спортската сала „Наум Наумовски Борче – Партизан“ на 25 март 2026 година ќе биде центарот на училишниот спорт, Со почеток во 10:00 часот започнува квалификациониот турнир во одбојка, во машка конкуренција од основните училишта. Спортскиот настан се реализира во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија и Општинскиот сојуз за училишен спорт – Карпош

Своите одбојкарски сили на турнирот ќе ги одмерат четири скопски училишта: ‘Јоаким Крчовски’, ‘Браќа Миладиновци’, ‘Св. Климент Охридски’ и ‘Гоце Делчев’. Паркетот ќе биде место за жестоки дуели, силни блокади и атрактивни поени, мај. Првопласираното училиште ќе го претставува Град Скопје на државното првенство, кое ќе се одржи во месец мај.

Карпош останува во спортски ритам и на 7 април кога  ќе биде домаќин на женскиот квалификационен турнир во одбојка. На квалификациониот турнир за ученички, како претставник на општина Карпош ќе настапи женската екипа од  ООУ ‘Јан Амос Коменски’.

Општина Карпош уште еднаш ја потврдува својата улога како вистински дом на младите спортски таленти, создавајќи средина во која нивната енергија, труд и амбиција се препознаваат, поддржуваат и насочуваат кон нови успеси.