Четиригодишниот Давид Самарџиев од детската градинка „Пролет“ од скопски Карпош, го освои првото место на Ликовниот конкурс на тема: „Безбедни играчки – јас сум среќно дете“, од вкупно 77 доставени ликовни творби во категоријата од 4 – 6 години. Станува збор за ликовен конкурс кој го организираше Министерството за образование и наука – Биро за развој на образование, под мотото „Безбедни производи, сигурни потрошувачи“. Инаку, конкурсот се реализираше по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите (15 март), во чии рамки малиот Давид доби диплома за освоено прво место, а неговата воспитувачка Ана Марковиќ – Николовска доби благодарница за особен придонес и менторска поддршка на талентираниот млад уметник.