Екипите од Општина Карпош задолжени за одржување на јавната чистота, во соработка со лицата од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, вчера во текот на вечерните часови темелно го расчистуваа комуналниот смет на повеќе локации низ населбата Бардовци. Станува збор за координирана акција помеѓу овие две комунални служби, кои досега повеќе пати соработуваат во насока на одржување на здравата животна околина на територијата на локалната самоуправа. Екипите од Карпош и понатаму ќе продолжат да работат со истата динамика на повеќе локации низ општината.