Според планираната работна динамика, Општина Карпош заврши со реконструктивниот зафат на дел од улицата Бранислав Нушиќ  во населбата Карпош 2. Станува збор за инвестиција вредна 9.889.366 денари, каде беше поставен нов асфалт во должина од 366 метри, нови рабници и тротоари, а градежната активност ја изведе фирмата ДГПТУ увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје.

Со подобрување на временските услови, Општината, во наредниот период ќе продолжи со реализација на капиталните и инфраструктурните проекти.