ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЛУКРОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА „МАЈКА ТЕРЕЗА“
- март 8, 2026
- 0
Градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Совет Христо Саракинов, денеска беа во посета на домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Карпош во кој престојуваат вкупно 72 лица. По повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, градоналникот Лукровски на сите жени им подари цвеќе, а пригодни подароци добија сите лица кои се сместени во домот.
Во рамки на денешната посета се разменија многу искуства и мудрости, како и силни емоции и задоволство од укажаната чест од страна на општинското раководство.









