СУБВЕНЦИИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА МЛАДИТЕ КАРПОШAНИ
- март 4, 2026
- 0
Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, денеска во својот кабинет го потпиша договорот со претставниците на авто-школите кои ги исполнија условите, претходно утврдени со јавниот повик објавен од страна на Општината, за давање на субвенции во процесот на полагање за стекнување на возачка дозвола од Б-категорија на младите жители од Општина Карпош. Право на учество во процесот ќе имаат младите лица кои во 2026-тата година ќе наполнат 18 години односно, се родени во 2008-та година, по претходно утврдени и наведени критериуми во јавниот повик, од страна на локалната самоуправа.
Почнувајќи од петок (06.03.2026-та година), младите карпошани ќе може да аплицираат на јавниот повик објавен од Општина Карпош за субвенционирање за полагање на теоретски и практичен дел од процесот на стекнување на возачка дозвола од Б категорија. На 03-ти февруари, оваа година, беше објавен јавниот повик за избор на авто школи. На истиот се пријавија шест авто школи од кои пет ги исполнија условите пропишани во јавниот повик. Станува збор за „ Друштво за сообраќајна едукација АВТО ШКОЛА СМАРТ ДООЕЛ Скопје “, „Друштво за спроведување и оспособување на кандидати за возачи АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС ДООЕЛ Скопје-АМСМ “, како и авто школите „ Друштво за промет, услуги и сообраќајно воспитување ТРИМОСКИ ДООЕЛ Скопје“„ Друштво за сообраќај, промет и обука на возачи СОФИ СКУЛ ДООЕЛ Скопје“, како и „ Друштво за туризам,транспорт и услуги БОБИ ЕМ ДООЕЛ Скопје“.
Локалната самоуправа и во идниот период, ќе субвенциониира и финансира и други проекти од разни сфери и области, со кои ќе им се подобри квалитетот на животот на младите карпошани.









