Тричлена делагација од Општина Карпош, предводена од градоначалникот Сотир Лукровски, денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатиот поранешен претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, по повод 22-годишнината од трагичната авионска несреќа.

                Трајковски почина на 26 февруари 2004 година, во македонскиот владин  авион на патот кон економската конференција во Мостар, Босна и Херцеговина, заедно со уште осум  делегати.