Се свикува 8. седница на Советот на Општина Карпош за 06 февруари 2026 година (петок), со почеток во 10.00 часот.

 

За седницата се предлага следниот                                                                             

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  • Усвојување записник од 3. (свечена) седница
  • Усвојување записник од 4. седница
  • Усвојување записник од 6. седница

 

  1. Предлог-Одлука за утврдување на надоместок на членовите и Претседателот на Советот на Општина Карпош
  2. Предлог-Решение за формирање на Комисија за изработка, следење и спроведување на едногодишни Акционени планови за спроведување на мерки и активности дефинирани со ЛЕАП 3 (Локален Еколошки Акционен План)
  3. Предлог-Одлука за расходување на средствата на опремата и ситниот инвентар по извршениот попис за 2025 година
  4. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година
  5. Предлог-Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на еднократна парична помош (лекување и социјален ризик)
  6. Предлог-Решение за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош за формирање Комисија за доделување на еднократна парична помош (лекување и социјален ризик) за 2026 година
  7. Предлог-Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“, Општина Карпош- Скопје
  8. Предлог-Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје
  9. Предлог-Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
  10. Предлог-Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
  11. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“ Карпош-Скопје
  12. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје
  13. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
  14. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
  15. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување член во училишниот одбор на општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“ Општина Карпош – Скопје
  16. Предлог-Решение за определување на член во Одбор за соработка и доверба со јавноста на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“Факултет за електротехника и информациски технологии
  17. Предлог- Решение за определување на член во Одбор за соработка и доверба со јавноста на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Факултет за Драмски уметности Скопје
  18. Предлог-Одлука за  поништување на Одлуката  за давање на согласност за издавање под закуп кафетерија и сала кат 1 – дел од спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје
  19. Предлог-Одлука за давање на времено користење без надоместок просторија од објект спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје во сопственост на Општина Карпош на Младински центар – Карпош
  20. Предлог-Одлука за давање на времено користење без надоместок просторија од објект спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје во сопственост на Општина Карпош на Ресурсен центар – Карпош
  21. Предлог-Одлука за давање на времено користење без надоместок просторија од објект спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје во сопственост на Општина Карпош на Црвен Крст на Град Скопје
  22. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Oпштинa Карпош за вршење стручно-административни работи и издавање одобрение за поставување урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор
  23. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје за вршење надлежности од областа на инспекцијата

 

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).

 

Телефон за контакт – 070/410-631