ИНФОРМАЦИЈА
- јануари 12, 2026
- 0
Во насока на зголемување на нивото на безбедност во претстојниот период, Општина Карпош континуирано ја следи ситуацијата на теренот и ги координира активностите на зимската служба која ја ангажираше за таа намена.
Во тој контекст е направена проценка на условите на коловозот низ Карпош, при што зимската служба секојдневно е присутна на теренот и презема конкретни активности фрлајќи индустриска сол по улиците. Фокусот е насочен кон повисоките населени места каде реално постои поголем ризик од замрзнување на патот по кој се одвива сообраќајот.
Општина Карпош и понатаму ќе ја следи ситуацијата и ќе остане присутна на теренот, со цел да овозможи безбедно и непречено движење на сите учесници во сообраќајот. Во оваа пригода, локалната самоуправа апелира до жителите за внимателно движење и почитување на препораките, а до граѓаните кои управуваат со моторни возила, да ги почитуваат пропишаните правила во сообраќајот и да користат соодветна зимска опрема.









