ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- ноември 14, 2025
- 0
Се свикува втора (вонредна) седница на Советот на Општина Карпош за 14 ноември 2025 година (петок) со почеток во 14.00 часот.
- Усвојување на оправданоста за свикување вонредна седница
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на спортот за 2025 година
- Предлог-Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Карпош за 2025 година
- Предлог-План на програми за развој на Општина Карпош за 2026 година
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет)









