ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОДОБРЕНИ И ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ
- ноември 4, 2025
- 0
Ве известуваме дека Општина Карпош во наредните 10 дена, треба да започнат со реализација следните проекти:
- Реконструкција на постојна улична мрежа на ул.Џумајска-УЗ Кузман Јосифовски Питу, општина Карпош, договор склучен со фирма Изведувач ДГПТУ увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје со наш бр. 03-8260/14 од 17.09.2025год.
Реконструкцијата се однесува на коловозот кој опфаќа асфалтна површина, замена на рабници и замена на долниот строј. При замена на постоечкиот долен строј ќе се одстранат дел од бехатон коцките од тротарот и истите ќе бидат повторно поставени на троотарот.
- Реконструкција на улица Загребска, општина Карпош, договор склучен со фирма Изведувач ДГПТУ увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје со наш бр. 03-8267/14 од 18.09.2025год.
Реконструкцијата се однесува на коловозот кој што постоечкиот е од калдрма и истиот ќе биде заменет со асфалтен слој и ќе бидат поставени нови рабници.
- Изградба на потпорен ѕид на улица Загребска, договор склучен со фирма Изведувач ДГПТУ увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје со наш бр. 03-8278/12 од 18.09.2025 год.
Со изградбата се врши замена на постоечката потпорна конструкција со изградба на нова потпорна конструкција.
- Реконструкција на постојна улична мрежа и тротоари на дел од ул.Бранислав Нушиќ- УЗ Карпош 2, општина Карпош, договор склучен со фирма Изведувач ДГПТУ увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје со наш бр. 03-8254/14 од 18.09.2025год.
Реконструкцијата се однесува на коловозот и тротоарите, кој опфаќа асфалтна површина за коловозот, замена на рабници и замена на долниот строј, додека тротоарите се дел од бехатон елементи дел се асфалтни.
(атмосферска исто да се додаде)
- Реконструкција на дел од ул.Трифун Бузев и паркинзи на ул.Трифун Бузев, УЗ Карпош 4, договор склучен со фирма Изведувач ДПГТТУ ФИЛИП ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз с.Бразда, Чучер Сандево, со наш бр. 03-8397/14 од 18.09.2025год.
Реконструкцијата се однесува на коловозот кој опфаќа асфалтна површина, замена на рабници и замена на долниот строј, како и замена на бехатон коцките од тротарот.
- Реконструкција на постојна улична мрежа на ул.Софиска, УЗ Тафталиџе 2, договор склучен со фирма Изведувач ДПТУ ОСД Кирил ДООЕЛ експорт-импорт Штип, со наш бр. 03-8395/14 од 01.10.2025год.
Реконструкцијата се однесува на коловозот кој опфаќа асфалтна површина, замена на рабници и замена на долниот строј, како и замена на бехатон коцките од тротарот.
- Реконструкција на постојна улична мрежа и тротоари на дел од ул.Атинска- УЗ Тафталиџе 1, договор склучен со фирма Изведувач ДПГТТУ ФИЛИП ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз с.Бразда, Чучер Сандево, со наш бр. 03-8396/14 од 18.09.2025год.
Реконструкцијата се однесува на коловозот и тротоарите, кој опфаќа асфалтна површина за коловозот, замена на рабници и замена на долниот строј, додека тротоарите се дел од бехатон елементи дел се асфалтни.
- Реконструкција на дел од улица Новопланирана улица-3 во Нерези, договор склучен со фирма Изведувач ДГПТУ увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје, со наш бр. 03-8399/14 од 17.09.2025год.
Реконструкцијата се однесува на вадење на постоечкиот бехатон и поставување на нов асфалтен слој.
- Изградба на нова градинка „Пролет“ (кај Канела), договор склучен со фирма изведувач ДПТУ Нексос Инженеринг ДООЕЛ.
- Изградба на повеќенаменска спортска сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, договор склучен со фирма изведувач ДПИУТ Конструктор ДОО.
- Реконструкција на улица Јуриј Гагарин, договор склучен со фирма изведувач ДПТУ Стентон ГРАДБА ДОО.
- Реконструкција на улица Петар Чаулев, договор склучен со фирма изведувач ГП Гранит.
- Во тек е тендерска постапка за проектите:
- Изградба на училишна спортска сала во ООУ Братство.
- Фекална канализација вон опфат во Бардовци.
- Изградба Нановопланирана улица 5,6 и 7 Блок 2 и 3 – Бардовци.
- Изградба на водовод и каналзација на Новопланирана улица 5,6 и 7 Блок 2 и 3 – Бардовци.
- Проекти во тек:
- Изградба на канализација на улица Ловќенска 4, изведувач Енергомонтажа
- Изградба на дел од улица Новопланирана 3 – изведувач фирма Битем
- Завршни работи на општинска зграда
- Изградба на градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2
- Одобрени проекти:
- Основен проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализација на сервисна улица СЕ-1 (дел од улица Скупи – 2369)
- Основен проект за водовдна мрежа на дел од сервисна улица С3 – улица Скупи, станбена улица СТ-8, станбена улица СТ-9, и сервисна улица СЕ-2, за Б2 – големи трговски единици по ДУП за градска четврт ЦЦ3 02, блок 06 Општина Карпош
- Основен проект за фекална каналаизаиција на дел од сервисна улица С3 – улица Скупи, станбена улица СТ-8, станбена улица СТ-9, и сервисна улица СЕ-2, за Б2 – големи трговски единици по ДУП за градска четврт ЦЦ3 02, блок 06 Општина Карпош
- Оснoвен проект за Новопроектирана секундарно-улична мрежа за улица 1687 – Бардовци.
- Основен проект за изградба на фекална и атмосферска канализација на улица 1687 Бардовци.
- Проширување на капацитети на градинката „Пролет“ клон „Сончогледи“- Влае. Изградба на седум нови занимални.
- Нарачани проекти кои во моментот се изготвуваат:
- Основен проект за изградба на катна гаража во Карпош 1, позади кафулето Рузвелт
- Основен проект за реконструкција на интегрирана сообраќајна површина крак 2 од улица 4 на КП 828/6, КО Бардовци, м.з. Бардовци, Општина Карпош
- Основен проект за реконструкција на интегрирана сообраќајна површина крак 1 од улица 4 на КП 825/4 КО Бардовци, м.з. Бардовци, Општина Карпош
- Оснвоен проект за реконструкција на интегрирана сообраќајна површина крак од улица 12 на КП 1447, КО Бардовци
Вкупната вредност на сите овие проекти изнесува околу 9.5 милиони евра.









