Општина Карпош во целост го  демантира другарот на Христијан Мицковски,  Сотир Лукровски,  дека во општина Карпош има нерешени 11 000 предмети за легализација и замислете, тој ќе ги решел за две и пол години. Фактите говорат дека општина Карпош од 2011 до 2018 година има примено вкупно 12688 барања и од нив досега се решени 9385, а останати се уште 3303 барања. Најголем дел од нив се со нерешени имотно-правни и оставински постапки и се чека на завршување на судска постапка, на друг дел  е побарана дополнителна документација, и мал дел се во постапка за решавање.

За кандидатура на градоначалник основен услов за кандидатот е да биде добро информиран и да не кажува лаги. Ако кандидатот во кампања кажува лаги, какво ли ќе биде неговото функционирање како Градоначалник!?

Општина Карпош го замолува г-дин Христијан Мицковски да го едуцира својот кандидат и го замолуваме да не ги вознемирува директорките на градинките и училиштата.