РЕСТАРТИРАЊЕ НА ТУРНИРОТ „СОКОЛ“ И ОБНОВА НА ТЕРЕНОТ
TweetShare
Општина Карпош ќе биде главен покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал, Оливер Соколов – Сокол, кој по неколкугодишна пауза, повторно се враќа на спортскиот календар во Карпош. Исто така, целосно ќе се реконструира и теренот, каде што се одржува овој спортски настан.

Во прилог е интегралното обраќање на градоначалникот Стефан Богоев, во рамки на мултимедијалните Флеш Вести кои ги подготвува Општината:

„Кога зборував за враќање на маалскиот живот во Карпош мислев и на рестартирање на некои од позначајните и поавтентични спортски настани на територија на Општината. Еден од најзначајните и најбитни белези на Карпош е Меморијалниот турнир во мал фудбал, Оливер Соколов – Сокол.

На мое огромно задоволство, а верувам и на граѓаните, оваа година, после неколкугодишна пауза ќе се оддржи седумнаесеттото издание на овој меморијален турнир.

Ние, како Општина Карпош сме главен покровител на овој турнир кој е во организација на Здружението на граѓаните, кое што и досега го организираше турнирот.

Но, нема да застанеме тука. Во летниот период, целосно и темелно ќе го реконструираме ова спортско игралиштe, кое ќе добие нови трибини, нови голови, мрежи, одбележување и се што е потребно, за да може да се организира успешно турнирот.

Драги мои карпошани,

Турнирот Сокол обединува генерации, но обединува и различни верски и етнички припадности. Ве повикувам да ни се приклучите и да бидете дел од овој турнир.

Во духот на ферплејот, да се дружиме и заедно да имаме убаво карпошово лето“, завршува Богоев.

Овие денови беше потпишан и Меморандумот за соработка меѓу Општина Карпош и Здружението на граѓани за подготовка и организирање на турнирот, при што на почетокот на септември ќе започне овој спортски настан.

Видеото од изјавата на градоначалникот Стефан Богоев, можете да ја погледнете на следниов ЛИНК
PreviousNext
image06