ДОБИТНИЦИ НА СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ЗА УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА
- јули 8, 2025
- 0
Општина Карпош и за учебната 2025/2026 година година ќе додели осуммесечни стипендии на талентираните основци од VIII и IX одделение, кои учат во основните училишта на нејзина територија.
Задоволство е да се доделат 51 стипендија , односно 14 стипендии од прва категорија во висина од 3.500 денари, како и 37 стипендии од втора категорија во вредност од 3.000 денари.
Општина Карпош и понатаму ќе продолжи да ги мотивира младите карпошани, со цел остварување одлични резултати во полето на образованието, како и во слободните активности кои се организираат надвор од училиштата.
Во прилог ја објавуваме табелата со добитниците на стипендии за учебната 2025/2026 година: