ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- јуни 27, 2025
- 0
Се свикува шеесет и седма седница на Советот на Општина Карпош за 01 јули 2025 година (вторник), со почеток во 10.00 часот.Седницата на Советот ќе се одржи во Универзитет Скопје (Универзитет за туризам и менаџмент Скопје).
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување записник од 66. седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2025 година;
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2025 година;
- Предлог-Одлука за донесување на Техничка исправка за ГП 5.1.12 од ДУП (Измена и дополна) за населба Влае 1, дел Б (Одлука бр. 07-1080/1 од 19.07.2002 година);
- Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства како помош за поправка и санација на постоечки лифт на станбена зграда за колективно домување на булевар „Партизански одреди“ бр.99 влез 2 во Општина Карпош – Скопје;
- Предлог-Одлука за утврдување на приоритетни проекти во Општина Карпош за користење на средства од проектот за Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија, обезбедени од Европска Инвестициона банка;
- Предлог-Одлука за давање согласност за користење на вештачка карпа за спортско качување на Македонска спортско качувачка федерација за 2025 година;
- Предлог-Одлука за наградување на вработени од општинската администрација на Општина Карпош, членови на синдикатот за постигнат успех, севкупен победник, кои учествуваа на 30-те јубилејни синдикални спортски игри во Охрид од 05–08.06.2025 година во Охрид во организација на УПОЗ;
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишен план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2025 година 2025 година на јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“, Општина Карпош-Скопје;
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работата на Општинското основно училиште „Лазо Трповски“, Општина Карпош-Скопје за 2025/2026 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишен план за изменување на Годишниот план за вработување за 2025 година на општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, Општина Карпош – Скопје;
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување член во училишниот одбор на општинското основно училиште „Јан Амос Коменски“ – Општина Карпош-Скопје;
- Предлог-Одлука за начинот и условите за давање на користење училишен простор и спроведување на други активности во врска со основните општински училишта на територија на Општина Карпош за учебната 2025/2026 година;
- Предлог–Заклучок за усвојување на Иницијатива за имплементација на обука за самозаштита во годишните програми за работа на основните училишта на територија на Општина Карпош;
- Предлог–Одлука за давање согласност за учество на Општина Карпош во проектот „Oпштините како двигатели за одржливиот развој“ на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), за проектот „Зголемување на безбедноста на граѓаните од катастрофи преку зајакнување на капацитетите на Просторните единици за заштита и спасување“;
- Предлог-Одлука за прифаќање на донација од ДПУ Тримакс ДОО Скопје на интерактивен панел 86 инчи од брендот Gaoke;
- Предлог-Одлука за прифаќање на донација училишен прибор за првачињата за учебната 2025/2026 година од ТРИМАКС ДОО –Скопје;